ФОТО | Убавата штипјанка Марија Данева со емотивна објава откако освои две награди на „Макфест“

Фото: Фејсбук

Убавата штипјанка Марија Данева синоќа на финалната вечер на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“, го освои третото место, но се закити и со награда за најдобар сценски настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Daneva (@danevaamarija)

Марија, по радосната ноќ, денеска на своите профили на Инстаграм и Фејсбук објави фотографии од наградите коишто синоќа ги освои на „Макфест“.

„Неизмерна е среќата и задоволството да бидам дел од 36-тото издание на фестивал од вакви размери како што е „Макфест“. Растејќи со „Макфест“ уште од дете сонував за ваква можност и многу ми е драго што сонот ми се оствари, а уште повеќе што ја добив и третата награда како и наградата за најдобар сценски настап. Огромна благодарност до Роберт Билбилов кој ја направи музиката и аранжманот на мојата песна, Ана Антовска која го напиша текстот, благодарност до Јована Зајкова и Бобан Русески кои ја направија кореографијата и се виновници за освоената награда за сценски настап, моето семејство и пријатели кои ме поддржуваа во секој чекор и до сите оние кои веруваа во мене и ми ја дадоа оваа шанса“, објави емотивен пост покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Daneva (@danevaamarija)

Марија синоќа преплавена од емоциите заплака на сцената на „Макфест“. При врачувањето на наградата од градоначалникот д-р Сашко Николов, убавата штипјанка клекна на сцената, не можејќи да ги запре солзите радосници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот