ФОТО: Убав гест на Меси – неговите дресови од Светското првенство 2022 на аукција

Лионел Меси/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Оние кои не знаат што да прават со своите пари, го сакаат фудбалот и му се восхитуваат на Лионел Меси, треба да подготват огромна сума за аукцијата на дресовите на магичниот Аргентинец, бидејќи оние од Светското првенство 2022 во Катар ќе бидат ставени на продажба следниот месец.

На аукција ќе се најдат оние дресови што ги носеше капитенот на светските шампиони на натпреварите со Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска, и во финалето со Франција, а проценетата вредност е 10 милиони евра.

Доколку опремата на фудбалскиот мајстор би добила сопственици за толку пари, тоа би го соборило рекордот за дресот на кошаркарската легенда Мајкл Џордан што го носеше за време на финалето на НБА во 1998 година, кој минатата година беше продаден за 10,1 милиони долари.

Аукциската куќа „Сотби“ објави и дека дел од средствата од продажбата на дресовите на Меси, легендата на Барса и актуелна ѕвезда на Интер Мајами ќе бидат донирани за проектот УНИКАС, иницијатива на болницата во Барселона специјализирана за ретки детски болести.

Меси со репрезентацијата на Аргентина ја освои титулата на Мундијалот во Катар откако во финалето ја совлада Франција по пенал серијата со 4:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот