Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

ФОТО | Убав гест: Мбапе славеше во дресот на Хакими

Франција вечерва го победи Мароко со 2:0 второто полуфинале на Светското првенство и обезбеди финале против Аргентина. Килијан Мбапе не беше стрелец, но одигра важна улога при постигнувањето на вториот гол на Французите кога во листата на стрелци се запиша Коло Муани.

Мбапе во овој натпревар се судри со својот соиграч од ПСЖ, Ашраф Хакими со кого после натпреварот си го размени дресот. По разменувањето на дресовите следуваше убав гест на Мбапе кој остана на теренот да слави во дресот на соиграчот.

Мароко во битката за бронза ќе игра со Хрватска и тој натпревар се игра во сабота, еден ден пред големото финале кое е закажано за во недела.

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil
Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот