Антарктик - пингвин -Фото: EPA-EFE/FEDERICO

ФОТО | Тројниот климатски удар го уништува Антарктикот – мразот исчезнува со рекордно темпо

Новата студија предводена од Универзитетот во Саутемптон открива дека Антарктикот е жртва на „троен удар“ од климатски хаос, кој го доведе морскиот мраз до рекордно ниски нивоа. Иако со децении овој регион им пркосеше на глобалните трендови на затоплување, по 2015 година ситуацијата драматично се преврти, пишува „Физ.орг“.

Научниците открија дека низа настани го исфрлиле Јужниот Океан од рамнотежа, извлекувајќи невообичаено топла и солена вода од длабочините кон површината.

Овој процес се одвивал во три фази кои започнале со засилени ветрови во 2013 година, кои почнале да ја повлекуваат топлата и солена длабинска вода кон површината. Потоа, во 2015 година се случило насилно мешање кога силните ветрови директно ја измешале оваа топлина со површинскиот слој, предизвикувајќи масивно топење на мразот, за на крај, од 2018 година, системот да остане заглавен во затворен круг каде површината е премногу топла и солена за да може воопшто да се формира нов мраз.

Антарктик – Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Истражувањето покажа дека мразот на Источен Антарктик се топи примарно поради топлите длабински води, додека на Западниот дел главниот виновник е интензивната облачност која ја заробува топлината и топлиот воздух кој доаѓа од суптропските предели.

Зошто ова е важно за сите нас?

Губењето на антарктичкиот мраз не е само регионален проблем. Мразот делува како „огледало“ на Земјата, рефлектирајќи го сончевото зрачење назад во вселената. Неговото исчезнување значи:

  • Побрзо глобално затоплување поради што океанот ќе апсорбира повеќе топлина.
  • Пораст на нивото на морињатакои поради дестабилизацијата на ледените плочи ќе овозможи на глечерите побрзо да се лизгаат во океанот.
  • Нарушување на струите. Антарктикот помага во движењето на светските океански струи кои го регулираат јаглеродот и топлината.

Ако овој тренд продолжи до 2030 година, Јужниот Океан може да се претвори од стабилизатор на климата во моќен двигател на глобалното затоплување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот