ФОТО: Трајковски заедно со Кристијано Роналдо во тимот на колото во Саудиска Арабија

фото: instagram.com/alextrajkovski8

Во прав момент пред новите репрезентативни обврски во март, Александар Трајковски се наоѓа во добра форма, а тоа го покажува во настапите за Ал Фејха.

Македонскиот напаѓач постигна гол во ремито на Ал Фејха против Ал Тавон, натпревар кој заврши со резултат 1:1.

Благодарение на одличниот настап, нашиот играч се најде во тимот на колото во Саудиска Арабија.

А во истиот се наоѓа и една од најголемите светски фудбалски ѕвезди Кристијано Роналдо кој ги брани боите на Ал-Наср.

Потсетување дека Португалецот реализираше хет-трик за едно полувреме на мечот против Дамак.

Севкупно до сега сезонава во 11 настапи, Трајковски има два голови, во февруари имаше уште еден погодок за Ал Фејха против Дамак (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот