Емануел Макрон се појави со очила за сонце во Давос/ Фото/Принтскрин/Инстаграм/Henry Jullien

ФОТО | „Топ ган“ очилата на Макрон од 659 евра го урнаа интернетот! Сите сакаат да ги купат

Авијатичарските очила за сонце на францускиот претседател Емануел Макрон во Давос станаа главна тема на разговор на социјалните мрежи и го привлекоа вниманието на интернет.

Макрон се обрати на Светскиот економски форум во Давос носејќи сини пилотски очила за сонце со огледала.

Побарувачката за информации за неговиот „моден додаток“ предизвика привремено паѓање на веб-страницата на францускиот луксузен бренд.

Откако Макрон носеше пилотски очила за сонце, модел Хенри Жулиен Пацифик С 01 (Henry Jullien Pacific S 01), на Светскиот економски форум во Давос, настана вистински метеж на социјалните мрежи и, генерално, на интернет.

 

Иако очилата, чија цена е 659 евра (770 долари), привлекоа внимание како моден детаљ, причината за нивното носење била од медицинска природа. Претставници на властите во Париз истакнаа за Ројтерс дека францускиот претседател носи очила за сонце поради здравствен проблем со окото.

Неговиот необичен изглед предизвика поделени реакции. Додека некои коментираа дека Макрон изгледа „кул“, американскиот претседател Доналд Трамп му се потсмеваше.

„Го видов вчера со тие прекрасни очила за сонце. Што се случи, по ѓаволите?“, рекол Трамп обраќајќи им се на учесниците на самитот, пишува бриселски „Политико“.

 

„Знаете ли кој носи очила за сонце во затворено?“ – Макрон предизвика шеговити коментари

Макрон си замина од Давос откако Трамп одби да се сретне со него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот