ФОТО | Том Хенкс шокираше со својот изглед: Сите се прашуваат зошто е толку ослабен?

Фото: ЕПА/Профимедиа

Актерот Том Хенкс (66) уште еднаш ги загрижи обожавателите со својот изглед. Имено, оскаровецот бил „уловен“ на ретко излегување со сопругата Рита Вилсон (65), а многу обожаватели забележале дека видно изгубил килограми па изгледа многу послабо од порано.

Фото: Профимедиа

Инаку, Том пред неколку месеци ги изненади и обожавателите со својот изглед, но и со еден детаљ. За време на промоцијата на филмот „Елвис“ одржа и говор, а сите забележаа дека нешто чудно се случува со неговата рака. Многумина коментираа дека тој се обидувал да ги „смири рацете кои трепереле“.

Биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли беше среде промотивна кампања, а Лурман организираше австралиската премиера да се одржи во градот Голд коуст, јужно од Бризбејн, каде што се снимаше филмот. Додека стоеше на сцената пред публиката, Том рече дека „нема подобро место на светот за снимање филм од овде на Голд коуст“.

Фото: Профимедиа

– Снимав филмови во Мароко, Лос Анџелес, Њујорк, Сиетл и Берлин – продолжи држејќи го микрофонот во десната рака. Раката на Том во тој момент видно се тресела, што се обидел да го запре, а во еден момент го зел микрофонот во другата рака за да ги скрие проблемите.

Иако публиката не ги сфати веднаш овие неприродни движења, снимките од говорот на Хенкс набрзо го обиколија интернетот, а многумина коментираа што се случува со неговата рака.

„Ми се чини дека нешто се случува со него, но јас сум повеќе загрижен за неговото губење на килограмите“, напишал еден.

Фотографијата од венчавката на Том Хенкс и Рита Вилсон предизвика бројни симпатии и честитки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот