Северина и Џаред Лето во Сен Тропе / Фото: Инстаграм/Северина

ФОТО | „Тој е заљубен во тебе“: Северина во друштво на познатиот холивудски актер Џаред Лето

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и нејзините блиски пријателки моментално уживаат на Азурниот Брег, поточно во медитеранскиот рај Сен Тропе во Франција.

Деновиве тие го посетија луксузниот ресторан „Le Club 55“, каде познатата пејачка се појави во уникатен фустан на познатата естонска дизајнерка Роберта Ајнер, чија цена е нешто повеќе од 1000 евра.

Фото: Инстаграм/Северина

Сен Тропе е место кое го посетуваат голем број светски познати личности. Меѓу нив е и актерот Џаред Лето, во чие друштво се нашла и хрватската пејачка.

„Лето 2023“, шеговито напиша Северина во описот на фотографијата со холивудскиот актер.

„Боже, како те гледа“, „Па, тој е заљубен во тебе“, „Мојот омилен актер и мојата омилена пејачка“, се дел од коментарите под фотографијата објавена на Инстаграм.

Северина и Џаред Лето во Сен Тропе / Фото: Инстаграм/Северина

ФОТО | Северина сподели фотографии од летувањето со синот, сѐ уште мора да му го крие лицето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот