Тони Цетински и Тоше Проески / Фото: Инстаграм/Тони Цетински

ФОТО | „Ти беше мојот брат по душа“: Тони Цетински се присети на нашиот Тоше и призна дека многу му недостасува

Денеска се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески, а по тој повод бројни негови пријатели и колеги од музичката сцена се присетија на „славејот од Крушево“ со објави на социјалните мрежи. Меѓу нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински, кој и годинава му оддаде почит со две објави на Инстаграм.

Во првата, пократка објава, Цетински сподели неколку нивни заеднички фотографии и напиша: „Тоше, недостасуваш. Засекогаш твој. Потпишувам!“.

Тони Цетински и Тоше Проески / Фото: Инстаграм/Тони Цетински

Во втората објава, придружена со илустрација на која се прикажани двајцата, Тони сподели подолга и емотивна порака.

„Тоше засекогаш…

Денес се сеќавам на него, не само како на голем пејач, туку како на човек каков што ретко се раѓа.

За мене, Тоше не беше ѕвезда од сцената, туку брат по срце. Знаеше да слуша, да разбере и без зборови и да насмее, дури и тогаш кога ми се чинеше дека светот застанува.

Кога ќе ме погледнеше, чувствував дека го гледа најдоброто во мене. Неговата топлина беше заразна, а неговата скромност нешто што те учеше како да бидеш подобар човек.

Тој беше човек што никогаш не поминуваше покрај туѓата тага – ќе застанеше, ќе помогнеше, ќе насмееше, ќе утешеше.

И никогаш не бараше ништо за возврат.

Денес, на неговиот роденден, палам свеќа и пеам тивко, затоа што знам дека некаде ме слуша.

Ми недостига неговата смеа, неговата едноставност, неговата вера во луѓето.

Но, кога ќе ги чујам неговите песни, како повторно да е тука, покрај мене, насмеан и смирен, и ми вели:

‘Не тагувај, пријателу… само сакај.’

И тогаш сфаќам – тој никогаш не си заминал.

Тоше остана во секое срце што го допрел, во секој збор што носи добрина, во секоја насмевка што се раѓа од љубов.

За мене, тој не беше само ангелски глас.

Тој беше мој брат по душа.

И сѐ додека го паметам со љубов, тој сè уште пее“, напиша Цетински.

Фото: Инстаграм/Тони Цетински

Да потсетиме, Тони Цетински беше еден од најблиските соработници на Тоше Проески во периодот на неговиот пробив на хрватската музичка сцена. Заедно ја снимија песната „Лагала нас мала“, која за кратко време прерасна во голем регионален хит и до денес се слуша ширум Балканот.

Нивната професионална соработка прерасна во искрено пријателство, а Цетински секоја година, и на роденденот на Тоше и на 16 октомври, денот кога прерано нè напушти, јавно му оддава почит.

Денеска се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески, ѕвезда што никогаш нема да згасне

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот