ФОТО | Текстовите на Горан Стефановски за првпат преведени на италијански
Пред неколку дена, за прв пат во Италија текстовите на најголемиот македонски драмски писател, Горан Стефановски доживеаја превод на италијански јазик.
Препорачано
Оваа збирка која има намера да го претстави уметничкиот опус на автентичниот мајстор на современата драматургија, (за жал не е толку познат на италијанската јавност), истовремено е и портрет, често гротескен и трагикомичен на контрадикторниот балкански свет во потрага по идентитет за време на посткомунистичката транзиција.
Оваа среќна вест ја сподели внуката на Горан, Ана која објави и фотографија од книгата на својот инстаграм -профил:
View this post on Instagram
Помеѓу широките реинтерпретации на античката историја и сировите приказни за фрагментираното словенско сценарио, Стефановски остава преку своите дела незаборавна галерија од анегдоти, ликови и приказни способни да влезат во срцето на читателот.
Горан Стефановски (1952-2018) почина пред три години, во ноември, по кратко боледување на 66 години во Кентербери, Велика Британија. За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и долгогодишен член на Македонскиот ПЕН-центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.
На Античкиот театар во Охрид поставена спомен-плоча за Горан Стефановски


