ФОТО | Тејлор Свифт е личност на годината на магазинот „Тајм“: Ова е најгордиот и најсреќниот момент во мојот живот

Фото: Инстаграм/ TIME

Најголемата поп ѕвезда во светот, Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината на магазинот „Тајм“ и се чини дека тоа воопшто не изненади многумина.

“Ова е најгордиот и најсреќниот момент во мојот живот. И ова е најкреативната, најисполнетата и најслободната фаза во мојот живот”, изјави Тејлор по објавувањето дека е личност на годината.

Фото: Инстаграм/ TIME

Тејлор Свифт заработи слични признанија од магазинот „Пипл“, кој ја прогласи за најинтригантна личност на годината за 2023 година, и „Форбс“, кој ја рангираше на врвот на својата листа на најмоќни жени во медиумите и забавата во светот.

На само 33 години, Свифт е добитничка на 12 нагаради Греми, што веројатно значи дека е на врвот на својата кариера. Таа стана најслушаната изведувачка на „Спотифај“ (Spotify) на глобално ниво оваа година, откако Бед Бани го држеше првото место три години по ред.

Фото: Инстаграм/ TIME

Нејзините песни собраа повеќе од 26,1 милијарди стримови од почетокот на годината.

Во ноември, таа ги собори рекордите на Греми со нејзината песна „Anti-Hero“, со што стана првиот изведувач кој доби вкупно седум номинации за песна на годината. Таа исто така освои Греми оваа година за најдобро музичко видео за „All Too Well: The Short Film“. Свифт освои девет награди на МТВ Видео музичките награди (MTV Video Music Awards), на крајот израмнувајќи го рекордот за најмногу освоени награди на една манифестација.

Нејзините вештини за пишување песни и деловна острина дури поттикнаа да започнат курсеви за неа, вклучувајќи ги и оние на универзитетите Стенфорд, Калифорнија, Беркли и Харвард.

Фото: Инстаграм/ TIME

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот