ФОТО: Таа е една од омилените дами во Холивуд, а нејзиниот љубовен живот секогаш интригира – Можете ли да ја препознаете славната актерка?

Фото: Профимедиа

Актерката која што ја многумина ја обожаваат денеска го прославува својот 53-ти роденден, а важи за една од најубавите, најталентираните, а без сомнеж и најпопуларните во Холивуд.

Популарната холивудска актерка Џулија Робертс, денеска го прослави својот 53-ти роденден. Оваа славна дама е една од најгласните и најомилени луѓе во светот на глумата, а може да кажеме дека се прослави со улогата во филмот „Pretty Woman“.

Во својата кариера таа беше номинирана повеќе пати за различни престижни награди, а Оскар доби за улогата во филмот Ерин Брокович.

Фото: Профимедиа

Робертс имаше и неколку љубовни врски со свои колеги, како што се Лијам Нисон, Џејсон Патрик, Кифер Сатерленд и Метју Пери. Во 1993-та година таа се венчаше со пејачот на кантри музика Лејл Ловет, но се разведе само две години подоцна.

Вториот сопруг Даниел Модеро, Џулија го запозна во 2000-та година на снимање на филм, додека беше во врска со актерот Бенџамин Брет, а тој беше оженет со друга жена.

Фото: Профимедиа

Набрзо тие сфатиле дека дефинитивно се еден за друг, по што се венчаа во 2002 година, а денес имаат три деца.

Среќен роденден Џулија!

Да се потсетиме како Џулија Робертс се менуваше низ годините…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот