Крводарителска акција од синдикат на новинари / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ФОТО | Светскиот ден на слободата на медиумите одбележан со крводарителска акција

Новинари, медиумски работници и хумани граѓани денеска учествуваа на четвртата крводарителска акција, која беше организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во соработка со Црвениот крст, со што беше одбележан Светскиот ден на слободата на медиумите.

Како што рекоа од ССНМ и ЗНМ, солидарноста е основа на новинарството – професија што се базира на заштита на јавниот интерес, секогаш во служба на граѓаните и заедницата.

„Овој ден потсетува декаслободните медиуми се столб на демократијата, а хуманите луѓе меѓу кои и новинарите се столб на секое општество“, рече Грнчаровска.

Крводарителска акција од синдикат на новинари / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски потсети на падот од шест места на Македонија на минатогодишниот извештај на „Репортери без граници“, а притоа рече дека „слободата на медиумите мора постојано да се брани и унапредува“ и „новинарството е тука да биде совеста и гласот на заедницата“.

„Со оваа крводарителска акција, испраќаме силна порака, дека сме тука едни за други, дека солидарноста не е само збор, туку вредност што ја живееме“, кажа Чадиковски.

Крводарителска акција од синдикат на новинари / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Крводарителска акција / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Со aкцијата одржана во „Даре Џамбаз“ во Скопје, како и паралелно во клиничките центри во Охрид, Струмица и Битола, ССНМ и ЗНМ се приклучија на глобалното одбележување на 3 мај, како и на активностите на Меѓународната федерација на новинари, кои пак продолжуваат следната недела со чествување на 100-годишнината од основањето на оваа глобална организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот