Мејсон Темс - Фото: Jennifer Bloc/Geisler-Fotopress, Geisler-Fotopress GmbH / Alamy / Profimedia

ФОТО | Сруши рекорд стар 30 години: Го нарекуваат наследник на Џим Кери, а има само 18 години

Холивуд има ново чудо од дете, буквално. Мејсон Темс, 18-годишен актер од Тексас, постигна нешто што никој не го постигнал од 1990-тите и златните денови на Џим Кери.

Во текот на изминатиот викенд, 18-годишниот Мејсон Темс стана првиот актер по Џим Кери кој имал три филма на првото место на американскиот бокс офис во истата година.

Филмографијата на Темс ги вклучува „Црн телефон 2“ (Black Phone 2), романтичната драма „Жалејќи за тебе“ (Regretting You) и летниот хит „Како да го дресираш твојот змеј“ (How to Train Your Dragon), а благодарение на тоа, 2025 година стана годината кога Мејсон се трансформираше од дебитант во вистинска холивудска надеж.

Вкупно, трите филма заедно заработија речиси 800 милиони долари, што го прави Мејсон еден од најзаработените млади актери во Холивуд.

Роден и израснат во Тексас, Мејсон ја започна својата кариера како балетски танчер, добивајќи ја својата прва улога на деветгодишна возраст. Тој привлече светско внимание во хорор филмот „Црниот телефон“ (2022), во кој го играше храброто момче Фини Блејк. Неговата тивка, но интензивна изведба го привлече вниманието на целиот Холивуд, а Темс не престанува да работи оттогаш.

Последниот човек што имал три последователни хитови во иста година бил Џим Кери во 1994 година, со „Ејс Вентура“, „Маската“ и „Глупав и поглупав“.

Покрај неговиот деловен успех, младиот актер е во насловните страници на таблоидите и поради својата љубовна врска. Имено, Мејсон веќе неколку месеци е во врска со својата колешка Мекена Грејс, со која глумеше во „Regretting You“. Двојката за прв пат беше видена заедно во август 2024 година, а својата врска ја потврдија со заеднички Тикток објави и излегувања.

„Темс“ веќе има два нови проекти , комедијата „The Shitheads“ и продолжението „„Како да го дресираш твојот змеј 2“ (How to Train Your Dragon 2), кое е закажано да се појави во кината во 2026 година.

Според сите извештаи, се чини дека Холивуд не само што доби нов миленик на публиката, туку и наследник на Џим Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот