ФОТО | Среќен роденден Маја: Гламурозна прослава, прекрасна торта и многу музика!

Фото: Принтскрин - Instagram

Вчера, нашата познатата манекенка и поранешна мисица Маја Глигоровска го прослави својот роденден. За годините не се прашува една дама, но Маја воопшто не ги крие. Глигоровска го прослави својот 40- ти роденден заедно со своите пријатели, колеги и соработници.

Фото: Принтскрин – Instagram

Во еден познат скопски ресторан поранешната манекенка приреди прослава за паметење. Гламурозен роденденски декор, уникатна роденденска торта, пијалаци и вкусна храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Tino (@majatino)


Маја како и секогаш беше совршено стилизирана. Поранешната мисица беше облечена во мини фустан со многу светкави детали во сребрена боја. Изгледот Глигоровска го надополни со едноставна фризура и нежен накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Tino (@majatino)


Роденденска торта на Маја беше украсена со црвени рози, тантела и високи потпетици креирани од фондан. Ресторанот беше декориран со многу балони, цвеќе и гламурозни украси. Маја доби бројни подароци и прекрасни букети цвеќе од гостите кои присуствуваа на прославата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Tino (@majatino)


За добрата забава беа задолжени пејачот Јоце Панов и фолк – пејачката Сани Гроздановска. На прославата присуствува голем број на познати личности, но тука беа и колегите на Глигоровска. Познато е дека Маја веќе долги години работи како одделенски наставник во едно скопско училиште.

Фото: Принтскрин – Instagram
Фото: Принтскрин – Instagram
Фото: Принтскрин – Instagram
Фото: Принтскрин – Instagram
Фото: Принтскрин – Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот