ФОТО | Состојбата на Брус Вилис се влошува, семејството се надева на чудо

Брус Вилис/Деми Мур/Талула/Ема Хеминг/Фото: Инстаграм

Холивудскиот актер Брус Вилис во март годинава објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба само се влошува, неговото семејство го користи секој момент со него и „се надева на чудо“.

Месеците откако актерот ја откри битката со болеста која ги напаѓа неговите когнитивни способности станаа и тешки и скапоцени за семејството Вилис, бидејќи сите се трудат да не пропуштат ниту еден момент со саканиот актер. Извор близок до семејството откри дека неговата состојба од почетокот на годината само се влошувала, па семејството често се собира и го поминува времето заедно.

– Тие знаат дека Брус нема да биде тука засекогаш. Затоа го ценат секој момент – рекол извор за „Дејли мејл“.

Брус Вилис и Ема Хеминг/Фото: Инстаграм

Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешна сопруга на Брус, се зближиле уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да му го олеснат животот со болеста, а Деми се труди постојано да биде во контакт со него.

– Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, тогаш се јавува на телефон само за да го слушне гласот на Брус – рекол споменатиот извор.

Големото семејство и сега, како и секоја година, празниците ги поминува во Ајдахо, а таму настанале и неколку фотографии на кои Мур и Вилис позираа заедно со нивната 28-годишна ќерка Талула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)

На фотографијата мајката и ќерката позираа прегрнати, а им се придружил и Брус кој гледал во нивното милениче, кучето Пилаф.

ФОТО | Брус Вилис во јавност по шест месеци од веста за тешката болест: Не се откажува!

Силвестер Сталоне откри тажни детали за состојбата на Брус Вилис

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

Видео на денот