Силвестер Сталоне откри тажни детали за состојбата на Брус Вилис

Силвестер Сталоне и Брус Вилис
Силвестер Сталоне и Брус Вилис / Фото: Steve Spatafore / Shutterstock Editorial / Profimedia

Американскиот актер Силвестер Сталоне сподели нови детали во врска со здравјето на неговиот колега Брус Вилис, кој стави крај на својата актерска кариера поради здравствени причини.

Во интервју за „Холивуд репортер“, Сталоне открил како е Вилис.

„Брус минува низ навистина, навистина тешки моменти. Не може да се комуницира со никого. Тоа ме убива. Многу е тажно“, споделил Сталоне.

Сталоне и Вилис заедно работеа на два филма од трилогијата „The Expendables“, а во третото продолжение Вилис беше заменет со Харисон Форд.

Кога дијагнозата на Вилис беше објавена во март годинава, Сталоне беше меѓу првите кои му испратија порака со поддршка на социјалните мрежи. Заедно со неколку слики од Вилис, Сталоне напиша: „Се знаеме отсекогаш. Се молам за тебе и твоето прекрасно семејство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Како потсетување, во март годинава, семејството на 67-годишниот актер објави дека тој се повлекува од актерството поради што му била дијагностицирана афазија.

„До неверојатните поддржувачи на Брус,

Ние како семејство сакавме да споделиме дека нашиот Брус се соочува со здравствени проблеми и неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа и по многу размислување, Брус се повлекува од кариерата која му значи многу.

Ова навистина е период полн со предизвици за нашето семејство и многу ја цениме вашата континуирана љубов, сочувството и поддршката. Минуваме низ ова како силно обединето семејство и сакавме да ги вклучиме и фановите затоа што знаеме колку ви значи тој, како што и вие му значите нему.“

Порака беше потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговите пет ќерки – Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин.

Афазија е состојба која ја одзема способноста за комуникација. Може да ја засега способноста за зборување, пишување или разбирање на јазикот (во пишана или вербална форма).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот