ФОТО | Брус Вилис во јавност по шест месеци од веста за тешката болест: Не се откажува!

брус вилис
Фото: Profimedia

Холивудскиот актер Брус Вилис во март оваа година откри дека боледува од афазија и оттогаш ретко се појавува во јавноста.

Неговата сопруга, ќерките и поранешната сопруга Деми Мур повремено објавуваа семејни фотографии, но сега папараците го фатија познатиот актер на јавно место.

брус вилис
Брус Вилис виден на утринска прошетка во Санта Моника, Калифорнија / Фото: London Entertainment / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Многумина коментираат дека Вилис изгледа одлично на фотографиите и никогаш не би рекле дека има
67 години, а уште помалку дека се бори со оваа тешка болест. Тој изгледа одморен и витален.

брус вилис
Брус Вилис виден на утринска прошетка во Санта Моника, Калифорнија / Фото: London Entertainment / SplashNews.com / Profimedia

Пред неколку месеци веста за здравствената состојба на познатиот актер навистина ги потресе неговите
обожаватели, но и семејството кое поради него сега е пообединето и посилно од кога било.

Афазијата му ја одзеде не само моќта на комуникацијата, туку и способноста да ја работи работата
поради која живееше во Холивуд со децении, и беше еден од најпопуларните актери на модерната ера.

Повеќе написи на темата:

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

Што е афазија, тешката болест поради која Брус Вилис се повлече од актерството?

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот