Организаторите на „Златна малина“ ја поништија наградата на Брус Вилис: Не е соодветно

брус вилис
Брус Вилис / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Организаторите на наградата „Златна малина“, со која се оддава почит на најлошото филмско остварување на годината, ја поништија наградата на Брус Вилис откако семејството на актерот откри дека тој се бори со афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности.

„По долго размислување, „Златна малина“ одлучи да ја поништи наградата што му беше доделена на Брус Вилис поради неговата неодамна објавена дијагноза“, се вели во соопштението. „Доколку нечија здравствена состојба е фактор во одлучувањето и/или перформансите, признаваме дека не е соодветно да му се додели наградата“, додаваат тие.

Оваа година организаторите на Златната малина го „номинираа“ Вилис за осум негови филма во категоријата што го носи неговото име, „Најлошите изведби на Брус Вилис во филм од 2021 година“. На крајот, беше одлучено дека неговата улога во филмот „Cosmic Sin“ е победничка.

„Категоријата никогаш не требаше да биде постојан дел од Златната малина. Нема да се повтори“, се додава во соопштението од организаторите, додавајќи дека навистина им е жал за дијагнозата на Брус Вилис.

Повеќе написи на темата:

„Златна малина“ со нова категорија: Дури осум лоши филмски остварувања за Брус Вилис

 

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

 

Што е афазија, тешката болест поради која Брус Вилис се повлече од актерството?

 

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

ФОТО | Џон Траволта скршен од болка поради болеста на својот пријател: Те сакам, Брус

Силвестер Сталоне тажен до небо поради колегата Брус Вилис: Се молам за тебе и твоето семејство!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот