ФОТО | Сопругата на Том Хенкс честиташе Цветници и почеток на Страсната седмица – актерот премина во православна вера поради неа
Актерката и сопруга на Том Хенкс, Рита Вилсон се огласи на социјалните мрежи по повод големиот христијански празник Цветници и почетокот на Страсната седмица, која му претходи на Велигден.
Препорачано
Преку Инстаграм, Рита испрати честитка до православните верници, како и до сите оние кои го слават Велигден според Грегоријанскиот календар, со кратко објаснување за значењето на празникот Цветници.
– Среќен празник Цветници на православните христијани ширум светот. И среќен Велигден на неправославните христијани. Православните верници го слават Велигден откако Исус влегол во Ерусалим за Пасха, поради што празникот се слави подоцна. Во црквата, иконата на Христовото влегување во Ерусалим е во предворјето украсена со цвеќиња, а на крајот од службата добиваме крст направен од палми како симбол на почетокот на Страсната седмица – напиша актерката во објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
Заедно со пораката, таа објави и православна икона посветена на празникот Цветници.
Инаку, мајката на Рита Вилсон, Доротеа Цигку, е по потекло одГрција, а пораснала во местото Сотира во близина на албанската и грчката граница. Таткото на актерката, Хасан Халилов Ибрахиоф, бил муслиман од Бугарија, кој се преселил во Америка во 1949 година. Откако се оженил со Доротеа, тој преминал во православието и го променил своето име во Алан Вилсон. Сопругот на Рита, актерот Том Хенкс ја прифатил православната вера откако се оженил со неа.


