ФОТО | Софија Вергара отворено за борбата со ракот на тироидната жлезда: Многу добро знам како е кога телото ти е во хаос!

Софија Вергара/Instagram
Софија Вергара/Instagram

Актерката по која воздивнуваат сите, Софија Вергара, неодамна отворено зборуваше за својата борба со ракот на тироидната жлезда, кој и бил дијагностициран на 28 години. Ѕвездата на познатата серија „Modern Family“, откри што направила прво кога дознала за страшната дијагноза.

Сè започнало пред речиси 30 години кога го однела својот син на проверка кај ендокринолог.

„Имам семејна историја на дијабетес 1, моите пет браќа и сестра го имаат, и знам како е да примаш инјекции секој ден и кога телото ти е во хаос“ – изјави Вергара за „Health“

Софија Вергара
EPA-EFE/NINA PROMMER

Таа ова лето отворено ја раскажа својата состојба и со што се соочувала кога дознала какви промени претрпува нејзиното тело. Иако го однела синот на рутински преглед, докторот ја прегледал и неа, затоа што забележал чудна промена на вратот. По тестирањата, откриено е дека имала рак на тироидната жлезда. По оперативниот зафат, таа имала третмани за закрепнување, но сподели морничави детали од лекувањето:

„Не можеше никој да ми пријде. Мораа да ми „фрлаат“ храна преку процепот на болничката врата“

Во емисијата за здравје „Stand Up To Cancer“, актерката објасни дека кога ја дознала дијагнозата, си поставила задача да научи што повеќе за ракот на штитната жлезда.

„Кога си млад и го слушаш тој збор „рак“, мислите ти се хаотични. Пробав да не бидам панична и одлучив да се информирам“ – изјави таа.

Софија ги прочитала сите можни медицински книги за оваа болест, но и имала среќа што навремено ја открила својата болест.

„Научив многу за време на својата болест, не само за ракот, туку и кога сте во криза и психолошки паднати, важно е да сте заедно со семејството“

Софија важи за една од најубавите глумици која и во својата 50та година изгледа како млада девојка. Освен талентот и хуморот, оваа убавица ја красат и други нешта – таа го „зграби“ згодниот колега Џон Манганиели со кого е во брак неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот