ФОТО | Со години го криеле од јавноста: Еве како изгледа братот на Меланија Трамп, кој живее во Словенија
Иако со години е во центарот на светското внимание, Меланија Трамп (55), поранешна манекенка од Словенија и актуелна прва дама на Соединетите Американски Држави, отсекогаш се трудела да го зачува својот приватен живот и да се држи подалеку од медиумската врева што го следи нејзиниот сопруг Доналд Трамп (79). Сепак, во нејзината семејна историја постои еден малку познат детал – полубрат со кого таа никогаш немала контакт.
Препорачано

Покрај постарата сестра Инес Кнавс, Меланија има и полубрат по име Денис Цигелњак, роден во 1965 година, кој денес живее во словенечкото гратче Храстник, на околу еден час возење од Љубљана.
Денис е син на таткото на Меланија, Виктор Кнавс, и Марија Цигелњак – жена со која Виктор никогаш не формирал семејство.

Детство без татко
Во интервју за словенечкиот портал „Планет“ во 2017 година, Денис открил дека Виктор Кнавс на почетокот побарал Марија да ја прекине бременоста, но таа одбила и решила да го задржи детето. По неговото раѓање, таа поднела тужба за алиментација.
Денис раскажал дека мајка му била длабоко разочарана од ваквото однесување и дека првично не сакала ништо од Кнавс. Сепак, по совет на нејзината мајка, побарала законска финансиска поддршка. Иако судот потврдил дека Виктор е негов биолошки татко, Денис пораснал без каква било врска со него. До својата 18-та година бил издржуван од дедо му, таткото на Марија, бидејќи алиментацијата не била редовно исплаќана.
Живот денес и неисполнета желба
Денес, 60-годишниот Денис Цигелњак живее со партнерката Маја и нивната ќерка Мими. И покрај тоа што никогаш немал контакт ниту со таткото Виктор, ниту со полусестрите Меланија и Инес, тој јавно признал дека би сакал да ги запознае.
„Кога ќе се смири атмосферата по претседателските избори, би сакал да излезам со татко ми и сестрите на пијалак или пица“, изјавил тој во 2017 година. Според достапните информации, оваа желба сè уште не му се остварила.
Приказна што ја вознемири јавноста
Постоењето на полубратот на Меланија Трамп првпат стана јавно познато во 2016 година, кога новинарката Џулија Иофе објави обемен текст за Меланија во списанието „GQ“. По објавата, Меланија најпрво го негирала постоењето на Денис, а подоцна изјавила:
„За ова знам со години. Мојот татко е приватна личност и ве молам да ја почитувате неговата приватност.“
Текстот предизвика силни реакции и бројни контроверзии, а новинарката подоцна пријавила дека добивала закани по живот.
Меланија Трамп го оцени написот како „нечесен медиумски напад“, нагласувајќи дека нејзините родители се приватни граѓани кои не заслужуваат јавно изложување.
И додека таа и понатаму ретко зборува за својот личен живот, приказната за полубратот кого никогаш не го запознала останува еден од најинтригантните и најмистериозни делови од нејзината семејна историја.


