„Госпоѓиците од Авињон“ (1907) на Пабло Пикасо - Фото: Инстаграм/fortisinvestment

ФОТО | Сликата што го подели светот — најконтроверзното дело на Пабло Пикасо денес повторно во фокус

Контроверзната слика на Пикасо, „Госпоѓиците од Авињон“, која предизвикуваше поделени реакции на обожавање и презир низ децениите, денес повторно е во фокусот на уметничката јавност преку реинтерпретацијата на американскиот уметник Хенри Тејлор изложена во Париз. Кога Пабло Пикасо првпат го претставил делото на своите колеги во 1907 година, реакцијата била речиси едногласно згрозување, при што Жорж Брак ја споредил сликата со пиење бензин, а Анри Матис ги нарекол прикажаните жени „грозни“, пишува „Би-би-си“.

„Госпоѓиците од Авињон“ (1907) на Пабло Пикасо – Фото: Принтскрин/Јујтуб

Поради ваквиот прием, делото не било јавно изложено цели десет години, иако денес се смета за клучен момент во раѓањето на кубизмот и модерната уметност.

„Госпоѓиците од Авињон“ (1907) на Пабло Пикасо – Фото: Принтскрин/Јујтуб

Сликата прикажува пет голи жени во бордел во Барселона со искривени и фрагментирани тела, стил кој Пикасо го развил под силно влијание на африканските маски и скулптури, иако тој подоцна упорно го негирал тоа влијание.

„Госпоѓиците од Авињон“ (1907) на Пабло Пикасо – Фото: Принтскрин/Јујтуб

Хенри Тејлор во својата верзија насловена „Од Конго до главниот град и повторно црно“ директно ги предизвикува овие аспекти со тоа што ги претставува фигурите како црномурести, со што јасно укажува на африканското потекло на инспирацијата.

„Од Конго до главниот град и повторно црно“ (2007) на Тејлор, моментално изложена во Музејот „Пикасо“ во Париз – Фото: Инстаграм/hauserwirth

Додека кај Пикасо деформацијата на телата често се толкува како агресивна, верзијата на Тејлор внесува прашања за идентитетот и моќта, вклучувајќи ликови кои потсетуваат на Жозефина Бејкер.

Иако на почетокот била отфрлена, сликата до 20-тите била прогласена за револуционерна, а денес таа останува еден од најзначајните и најконтроверзните столбови на светската уметничка историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот