ФОТО | Ќе се мажи? Славната Хурем имаше бурен љубовен живот, а сега ги изненади сите блескајќи во венчаница

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Турско-германската актерка Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на амбициозната султанка во историската серија „Сулејман Величествениот“, зад себе има неколку неуспешни врски, нервен слом и обид за самоубиство, а втората ќерка ја доби со маж чиј идентитет никогаш не го откри.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Една од најпопуларните турски актерки ненадејно го напушти снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“, а причина за тоа беше врската со фаталниот турски бизнисмен Џан Атеш, со кого раскина додека беше бремена. Како што изјави тогаш Мерјем, тој ја принудувал да абортира.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Потоа, Мерјем Узерли се пресели во родната земја, Германија, каде што ја роди ќерката Лара и започна нов живот. На почетокот на 2021 година таа објави дека родила уште едно девојче на кое ѝ го даде името Лили Кои, но името на таткото до денес не го открила. Непознат е и нејзиниот моментален љубовен статус, но турските медиуми објавија дека таа е вљубена во актерот Чаглар Ертугрул.

Прекрасната Мерјем пред неколку дена објави фотографии на кои носи неколку венчаници.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Не е познато дали тоа е најава за можна венчавка или само за потребите на реклама, но нејзините обожаватели се одушевени:

„Неверојатна убавица“, „Прекрасната султанија Хурем“, „Најубавиот модел на венчаница на светот“,  ѝ пишуваат нејзините следбеници и обожаватели од целиот свет.

Актерката позната како Хурем Султан сподели фотографии со двете ќерки

ФОТО | Хурем Султан го прослави својот 39-ти роденден: Роденденската торта кажува нешто друго

ФОТО + ВИДЕО | Мерјем Узерли ужива во Дубровник: Се забавуваше на роденденска забава на познат бизнисмен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот