Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

ФОТО | Скандал во Шпанија: Јамал на роденденот ангажирал џуџиња за да бидат атракција

Роденденот на ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е една од темите за која се пишува по изминатиот викенд, а сега се октриваат и детали.

Според информациите, но и фотографиите кои се појавуваат на соцјалните мрежи, Јамал ангажирал луѓе со низок раст. Иако телефоните беа забранети, сепак некој успеал да ги сними како влегуваат на забавата.

Поради таквата ситуација се огласи здружението „АДЕЕ“ која ссе занимава со заштита, поддршка и здравствени услуги за луѓето со таква попреченост.

„На прославата на Јамал имаше неколку луѓе со низок раст. Тие беа таму без никаква друга причина, освен да служат како атракција и спектакл со тоа што многумина ќе ги исмејуваат.

Сигурно дека ќе преземемемерки да го заштитиме достоинството на овие луѓе. Неприфатливо е во 21. век луѓето со раст на џуџе да се користат за забава“, изјави Каролина Пуенте која е претседателка на здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот