ФОТО | Сјајна коса и мал број седи влакна на 47 години: Фризерот на Викторија Бекам ја открива тајната на поранешната пејачка!

Instagram
Instagram

Викторија Бекам, некогаш позната пејачка, а сега дизајнерка која секогаш изгледа одлично од глава до пети. Една од ретките дами која многу ретко ја бои косата бидејќи сè уште може да си игра со нејзината природна боја која ја одржува со минимални третмани и нијансирања. Фризерот на некогашната „спајсицата” неодамна ја откри тајната на здравата и сјајна коса на Викторија. Тајната се крие во редовното користење на колаген, како додаток во исхраната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Џејсон Колиер, фризер на многу познати личности, вели дека за косата прави чуда, само едно нешто а тоа е колагенот. И, иако многумина знаат дека колагенот е важен за кожата и нејзината еластичност, малку луѓе знаат дека тоа може многу да и значи на косата. Џејсон Колиер, кој меѓу другото ја стилизира косата на Викторија Бекам е убеден од повеќе причини дека колагенот е навистина одлична работа за косата, пишува Msn.com.

Ја храни косата одвнатре

Косата главно се состои од протеин кератин. За да се формира, на телото му требаат повеќе амино киселини, а од тие киселини се формира колаген. Значи, ако земете дополнителен колаген, ќе му олесните на телото да произведува кератин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Ја зајакнува косата

Оваа година сите сме под многу поголем стрес од вообичаеното. И поради стресот, косата може да стане потенка, па дури и да почне да паѓа. За среќа, колагенот ја зајакнува кожата и ја прави поотпорна. Ова важи и за скалпот, а само здравиот скалп гарантира здрава коса.

Го забавува формирањето на седа коса

Покрај зајакнување и подмладување на косата, Колиер е убеден дека колагенот ја штити и косата од нејзино предвремено стареење.

„Колагенот може да дејствува како антиоксиданс и да го намали оштетувањето на слободните радикали на клетките што даваат боја на косата. На тој начин, колагенот може да го забави предвремениот изглед на сивата коса “, вели Колиер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот