ФОТО | Што ги поврзува Јелена Карлеуша, Ким Кардашијан и Кармен Електра?
Kим Кардашијан објави фотогграфија на нејзиниот инстаграм профил во бела сатенска тоалета со гол грб, неверојатно слична на дизајнот на Стивен Спаус што го има носено Кармен Електра на „МТВ Филмските награди“ во 1998 година.
View this post on Instagram
„Имаше проѕирно ремче што го држеше. Беше мистерија како не ми падна овој фустан. Градите ми се излеваа и буквално бев на секоја листа на „Најлошо облечени“ во тој фустан“, изјави 49-годишната Електра за „Vogue“ за необичната креација во 2017 година.
View this post on Instagram
Откако ја забележа 41-годишната Кардашијан во нејзината рекреација на секси изгледот, Кармен прошета низ минатото и на нејзиниот инстаграм-профил сподели дека оригиналното парче сè уште виси во нејзиниот плакар.
„Сè уште го имам овој фустан што го носев на филмските награди на МТВ во 90-тите. Ким Кардашија го преправи овој дизајнерски фустан и мислам дека убаво ѝ стои, и не е натпревар“, напиша таа.
View this post on Instagram
Покрај овие две исклучително згодни жени, во сличен дизајн се појави и балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша во јануари. Таа престојуваше во Дубаи за да одржи концерт и белиот фустан со сличен дизајн беше дел од нејзината гардероба во тропското место.
View this post on Instagram