ФОТО | Шокантно скап: Сопругата на Федерер носи „ролекс“ од 750.000 долари на Австралија oпен!
Роџер Федерер, кој се пензионираше во септември 2022 година и ја заврши кариерата како професионален тенисер, оваа година се врати на Австралија oпен (18 јануари – 1 февруари), но само за ревијални натпревари како оној што го одигра пред три дена во текот на церемонијата на отворање на турнирот во Мелбурн.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неговата сопруга Мирка Федерер го гледаше тој натпревар, стилизирана на свој препознатлив начин.
Сепак, навидум едноставниот стајлинг бил „зачинет“ со астрономски скап часовник, кој го носела и додека го гледала тренингот на Федерер. Тогаш била со нивните ќерки близначки Мајла Роуз и Шарлин Рив (17), а во Мелбурн се и синовите на познатата двојка, близнаците Лео и Лени (12).
Чудото од часовник морал да дојде до израз, а станува збор за часовникот „тифани дајмонд“ на „ролекс дејтон“ (Rolex Dayton „Tiffany Diamond“). Се проценува дека пазарната цена на овој часовник е 750.000 долари. Оригиналната малопродажна цена била 212.000 долари.
View this post on Instagram
Големата разлика помеѓу оригиналната малопродажна цена и моменталната пазарна цена е затоа што часовникот е исклучително редок, но исто така и исклучително баран на пазарот на луксузни часовници.
И првата и втората сума се фрапантно високи, а бидејќи има побарувачка за овој часовник, јасно е дека има богати луѓе кои можат да си го дозволат.
Часовникот е направен од 18-каратно жолто злато и има впечатлив дијамантски бројчаник „Tiffany Blue“ (тиркизен).
Часовникот го краси и трапезоидна рамка со дијаманти и осумчасовни маркери исто така со опточени со дијаманти.
Дијамантскиот часовник не може да се најде во каталозите и припаѓа на „доверливиот“ модел од колекцијата „ролекс“ за минатата година. Колекционерите ги бараат, а Мирка има цела низа примери со иконскиот бренд во својата колекција.
Фактот дека Роџер Федерер има импресивна колекција на часовници „ролекс“ не е изненадување, бидејќи славниот Швајцарец е заштитно лице на овој бренд.
„Кога ќе ѝ здосади да патува, тогаш ќе престанам“: Федерер има силна жена покрај себе


