„Кога ќе ѝ здосади да патува, тогаш ќе престанам“: Федерер има силна жена покрај себе

EPA/TIAGO PETINGA

Славниот тенисер Роџер Федерер официјално потврди дека ја завршува својата професионална кариера. Иако тенисерот има 40 години, фановите со голема тага ја дочекаа оваа вест.

Федерер зад себе има голема успешна и блескава кариера, додека сопругата Мирка секогаш беше со него давајќи му огромна поддршка и ветер во грб иако и таа била одлична тенисерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer Fanpage (@fed_eroger)


Мирослава Вавринец е родена во Словачка во 1978 година, а кога имала две години нејзините родители емигрирале во Швајцарија.

Беше многу успешна во тенисот, додека нејзиниот успех беше на позиција на 76-то место на светот, во 2001 година. Само година пред тоа, ја запозна љубовта на својот живот Роџер Федерер на Олимписките игри во Сиднеј.


Набрзо потоа, запловија во љубовна врска. Интересно е што Мирка во тој момент не беше слободна, односно беше свршена со богат Арап, пренесува италијанскиот магазин „Глорија“.


Кога сфатила дека е заљубена во славниот тенисер, ја раскинала свршувачката, обидувајќи се со години да ја сокрие таа постапка од очите на јавноста.

Седум години откако ја заврши кариерата со повредата која ја имаше, Мирка застана на лудниот камен со Федерер. Парот се венча во 2009 години, а Мирка истакна дека саканиот ѝ бил голема поддршка.

„Роџер ми беше најголема поддршка во текот на тие осум месеци по опоравувањето од повредата. Ми го враи тенискиот живот. Кога тој победуваше, тоа беше како јас да победувам“, изјавила Мирка во една прилика.

Својот брак го крунисаа со 4 деца, ќерките Мила и Шарлен и синовите Лео и Лениј.

Тенисерот пред две години на новинарите им откри како му е важно неговата сопруга да е задоволна, па поради тоа е подготвен и од тоа да се откаже.

„Кога на Мирка ќе ѝ здосади да патува, тогаш ќе престанам“, изјави тогаш.

Се шушкаше дека таа е која воведува ред во куќата, а нејзиниот строг изглед на мечовите само дополнително ги загреа приказните дека е строга и амбициозна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот