Фото: Инстаграм/Северина

ФОТО | Северина сподели емотивен момент од одморот со синот: Фотографија на летото

Северина на својот инстаграм-профил објави фотографија со синот, која ги воодушеви нејзините следбеници.

Во описот на фотографијата напишала: „За мене – фотографија на летото“.

Таа седи покрај морето во костим за капење, а синот ѝ лежи пред нозете. Фотографијата за само еден час собра над 10.000 лајкови.

Фото: Инстаграм/ severina

Пејачката летува со синот и пријателите на островчето Врник кај Корчула.

„Тоа е љубов“, „Фотографија на деценијата“, „Уживајте, заслужувате“, „Најголемото богатство што човек може да го има“, се само дел од бројните коментари под објавата на Северина.

Да потсетиме, на почетокот на годината дојде до пресврт во битката за старателството меѓу Северина и Милан Поповиќ. Одлучено е Северина и Милан повеќе да не го делат старателството, како што беше одлучено во 2021 година во Жупанискиот суд во Сплит, но старателството му беше вратено на таткото. Но, во февруари е донесена нова одлука, а Северина и Милан Поповиќ се обврзани „договорно, заеднички и рамноправно да ја вршат родителската грижа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот