Серена Вилијамс / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Серена Вилијамс позираше во костим за капење и порача: „Не сум совршена, но сум совршено јас“

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс позираше во костим за капење и ги охрабри своите следбеници на социјалните мрежи да се чувствуваат удобно во сопствената кожа. Таа носеше маслинест едноделен костим за капење и наметка.

„Не сум совршена, но сум совршено јас. Одвојте време денес да прославите што сте совршено вие“, напиша таа во описот на фотографијата.

Серена Вилијамс / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Серена доби бројни комплименти во коментарите на Инстаграм.

„Одлична објава, Серена. Се надевам дека се чувствуваш добро“; „Серена, ти си прекрасна жена“; „Секогаш своја“; „Денес ми требаше оваа порака“, се некои од нив.

Серена Вилијамс / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во последно време поранешната тенисерка ослабе многу. Таа призна дека го земала лекот за слабеење „зепбаунд“. Но, продолжува да тренира, да практикува криотерапија (минимално инвазивен медицински метод на лекување со екстремно ниски температури) и да се храни здраво.

Иако доби критики за губењето тежина со помош на гореспоменатиот лек, таа не обрнува внимание на негативните коментари.

ФОТО | Серена Вилијамс се преполови: На новата фотографија што ја објави не личи на себе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот