ФОТО | Секси трудница: Сораја „уловена“ непосредно пред породувањето

Фото: Принтксрин/Pink, Paparazzolov

Српската старлета Сораја Вучелиќ неодамна се породи и на свет го донесе синот Кан. Новопечената мајка ја криеше бременоста од јавноста, а дури ги избриша и сите свои профили на социјалните мрежи.

Фото: Принтксрин/Pink, Paparazzolov

Како што објави „Курир.рс“, Сораја се породила во Цирих, Швајцарија, меѓутоа, со партнерот и нивниот новороден син ќе живее во Русија, поточно во Москва.

– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош за бебето и таму ќе биде нивната база. Таа  ги згасна социјалните мрежи и врти нов животен лист – изјавил изворот за „Курир“.

Фото: Принтксрин/Pink, Paparazzolov

И покрај мистериозноста во врска со бременоста, папараците успеале да ја уловат непосредно пред породувањето.

Фото: Принтксрин/Pink, Paparazzolov

Ниту бременоста не ја спречила да се појави во многу предизвикувачко издание – краток фустан, екстремно високи потпетици и бунда биле дел од нејзиниот аутфит.

Стралетата изгледала беспрекорно, и тоа само неколку дена пред породувањето.

ФОТО: Сораја полуде во Скопје, поради љубоморното момче избркана од локалот со извици – одбиле да ја платат и сметката

Српската старлета Сораја Вучелиќ е бремена

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот