ФОТО | СЕ ВЕНЧАА ВО ТАЈНОСТ: Струмичанката Душица и познатиот хрватски ракометар Карачиќ го кажаа судбоносното „да“

Хрватскиот репрезентативец и поранешен играч на РК „Вардар“ и Душица Андоновска, поранешен модел од Струмица, се венчаа во тајност, а фотографиите ги објави соиграчот од „Вардар“ на социјалните мрежи.

Душица Андоновска / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Нешто повеќе од една година по објавувањето на веста дека хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ (32) ја побарал раката на убавата струмичанка Душица Андоновска, парот се венчал во тајност, односно само во кругот на најблиските пријатели и семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc18)

Карачиќ го комбинираше костумот со патики „Адидас“, а убавата Душица го привлече внимание во едноставна кратка венчаница и бели салонки, истакнувајќи ја нејзината фит фигура. Невестата се одлучи за минимална шминка и фризура.

Фото: Инстаграм

Душица и Игор се запознаа додека тој играше за РК Вардар, каде помина дури седум години од неговата кариера. Во моментов живее во Полска и игра за клубот Кјелце, а најверојатно и нашата Душица наскоро ќе му се придружи.

Фото: Инстаграм

Фотографиите ги објави Кристијан Дисингер, кој исто така игра за македонскиот ракометен клуб „Вардар“, како и за германската репрезентација. Инаку, токму Дисингер е во љубовна врска со сестрата-близначка на Душица Андоновска, Марија.

Тој објави заедничка фотографија со Марија, по повод нејзиниот роденден, на која позираат во близина на познатиот Стар мост во Мостар.

Со оглед на тоа што локацијата на оваа роденденска фотографијата се поклопува со родното место на Игор Каранчиќ, најверојатно парот токму во Мостар ја организирал и свадбената веселба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот