ФОТО | Се ожени Шарл Леклер, a тајната венчавка на „принцот од Монако“ не можеше да помине без „ферари“ и без кучето Лео
Возачот на Формула 1, Шарл Леклер, се ожени со својата долгогодишна партнерка Александра Сен Мле на интимна церемонија во Монако, одржана во најголема дискреција. Граѓанската венчавка се случила во градската општина, во присуство на најблиското семејство и пријатели.
Препорачано
Веста за свадбата остана тајна сè додека Леклер не објави фотографии и видеа на социјалните мрежи, два дена по церемонијата. Дополнителна потврда стигна и кога Александра го додаде презимето Леклер на својот профил.



Младенците по венчавката се провозија низ улиците на Монте Карло во редок олдтајмер – легендарниот „Ферари 250 Теста Роса“, модел од средината на минатиот век. Изборот на автомобилот не беше случаен, со оглед на долгогодишната врска на Леклер со тимот на „Ферари“. Дел од свеченоста бил и нивниот миленик Лео, облечен во мал смокинг.


Леклер, кого медиумите често го нарекуваат „принцот на Монако“, најави дека ова е само првиот дел од прославата и дека следната година ќе организираат уште една церемонија со поширок круг блиски луѓе.



Што се однесува до медениот месец, тој најверојатно ќе биде краток или одложен. Новата сезона во Формула 1 започнува за неколку дена со трката во Мелбурн, што значи дека Леклер брзо ќе го замени свадбениот костум со тркачки комбинезон.



ВИДЕО: Леклер одличен на последните тестирања – издоминира пред конкурентите


