ФОТО | „Само нежно кон себе“: Ивона Јо со топлес фотографии го честита Денот на жената

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Нашата пејачка Ивона Joвановиќ, попозната како Ивона Јо, е една од жените која нема проблем да зборува за себе, за своите успеси и падови, емоционални и физички транзиции.

Ивона со години мотивира и инспирира на социјалните мрежи, споделувајќи лични искуства, помагајќи им на другите полесно и побрзо да се соочат со „своите демони“, да се сакаат и да се борат да видат нова и подобра верзија од самите себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Иако завршила средно медицинско училиште, студирала стоматологија, па се префрлила на студии по нутриционизам на ПМФ, како што вели Ивона, отсекогаш знаела дека животот ќе го посвети на музиката.

,,Среќен 8 Март на сите жени, мајки и кралици. Среќен 8 Март тебе и мене. Се надевам како што сите сме гласни денес, ќе останеме и утре. Забавата не престанува кога ќе напочниш 30 години. Брчките на лиценцето не се знак дека стануваш грда и стара. Препушти се себе сѝ, на себе. Пушти сѐ, затоа што и онака секој гледа за себе. Денес пушти сѐ. И те молам не чекај цвеќе, вечера и честитка. И не заборавај ништо не треба. ‘Треба’ само да сакаш да го правиш тоа. Само нежно према себи. Ве сакам“, напиша пејачката во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Пејачката Ивона Јо објави фотки од себе по повод Денот на жената и испрати моќна порака до сите жени да бидат нежни према себе. Истата оваа порака Ивона ја има истетовирано меѓу градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Фотографиите на кои пејачката позира по градник, но и топлес за рекорден период собраа голем број на коментари и допаѓања.

Интервју со пејачката Ивона Јовановиќ: Не дозволувам да ме обзема страв од непознато

ВИДЕО | „Сакам вака да го прославам десеттиот месец пост оперативно“: Ивона Јо изгледа неверојатно

Ивона Јо со силна порака става крај на табуизирањето на женското тело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот