ФОТО | Салвадор Дали ја насликал легендарната Ракел Велч

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Холивудската актерка и една од најатрактивните жени на сите времиња, Ракел Велч, почина вчера на 83-годишна возраст по кратко боледување. Таа со својот изглед многу брзо го освои светот, нејзините филмови привлекоа големо внимание, но дали знаевте дека некогаш ја насликал славниот шпанскиот сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД, Салвадор Дали?

Фото: Профимедиа

Да, тоа се случило во далечната 1965 година. Салвадор ја насликал Ракел Велч за потребите на филмот „Фантастично патување“ во режија на Ричард Флејшер, во кој покрај актерката играше Стивен Бојд.

Патем, сликата е направена во прозорецот на изложбениот салон на Националната ризница на авенијата Медисон и 61-та улица во Њујорк. Оваа фотографија на Ракел Велч и Салвадор Дали e направена на 20 февруари 1965 година, останала засекогаш, според „The ​​History Project“.

Raquel Welch. Festival de Cannes, 1966. HA-1789,Image: 68111347, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Roger-Viollet via AFP / Roger Viollet / Profimedia

На големото платно убавината на Ракел секогаш била пред бројот на на реплики кои ги добивала во филмовите. Таа важеше за глобален секс-симбол во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, позната по своето неверојатно, извајано тело. Ракел не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.

Магазинот „Емпаер“ во 1995 година, ја вклучи во 100-те најсексапилни ѕвезди во историјата на филмот, додека магазинот „Плејбој“ ѝ го додели третото место на листата на 100 најсекси дами на 20. век. Исто така, читателите на магазинот „Менс хелт“ во 2011 година ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња.

Животот на легендарната Ракел Велч: Од презентерка на временска прогноза до глобален секс-симбол

Почина легендарната американска актерка и модел Ракел Велч

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот