Животот на легендарната Ракел Велч: Од презентерка на временска прогноза до глобален секс-симбол

Фото: Профимедиа / ЕПА

Легендарната американска актерка Ракел Велч почина вчера, на 82 години по кратко боледување.

Фото: EPA-EFE

Велч е родена како Џо Ракел Техада на 5 септември 1940 година во Чикаго, Илиноис. Првото појавување на Ракел пред јавноста е како водителка на временска прогноза.

Фото: Профимедиа

Како млада девојка се обидела да сте стекне со универзитетско образование на Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего, но не успеала. Платата како ТВ презентерка не била доволна за амбициозната Велч, по што решила да го освои модниот свет, учествувајќи во емисии и реклами за најразлични модни брендови.

Фото: Профимедиа

Патот до Холивуд

Со малата заштеда на пари која ја заработила со снимањето на рекламни спотови, Велч решила да тргне по патот на славата, да го освои Холивуд и да се обиде како актерка.

Фото: Профимедиа

Првата филмска улога Ракел ја добила во 1964 година на 24 години, а во 1966 година стана позната низ целиот свет благодарение на улогите во филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години п.н.е.“.

Фото: Профимедиа

Во филмот кој на Ракел и донесе светска слава „Милион години п.н.е.“ актерката имаше само три реченици текст, но носеше специјално бикини кое привлече огромно внимание. Филмските постери на кои таа позира токму во тој костим станаа едни од најпродаваните некогаш. Овој филм бил само почеток на нејзината богата филмска кариера.

„Чувствував дека на луѓето навистина не им е гајле за мене, туку само за неа – таа жена во бикини од срнечка кожа со премногу долги нозе, сјајни раце и неверојатна тенка половина. Таа беше моќна, незаборавна жен и тие беа вљубени во неа, во таа супер Амазонка. Јас сум силна жена, но дефинитивно не сум сето тоа“, рекла холивудската икона пред неколку години за улогата што ја лансираше во ѕвезда.

Првата поголема улога која актерката ја добива во својата кариера е во 1974 година кога Велч ја глумеше Констанс Бонасие во „Тројцата мускетари: приврзоците на кралицата“ од 1974 година, за која освои и Златен глобус.

Фото: EPA-EFE

На големото платно убавината на Ракел секогаш била пред бројот на на реплики кои ги добивала во филмовите. Таа важеше за глобален секс-симбол во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, позната по своето неверојатно, извајано тело. Ракел не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.

Глобален секс-симбол со бурен љубовен живот

Магазинот „Емпаер“ во 1995 година, ја вклучи во 100-те најсексапилни ѕвезди во историјата на филмот, додека магазинот „Плејбој“ ѝ го додели третото место на листата на 100 најсекси дами на 20. век. Исто така, читателите на магазинот „Менс хелт“ во 2011 година ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња.

Фото: Профимедиа

Ракел е позната и по бурниот љубовен живот – зад себе има четири брака, а во 2015 година изјави дека не е исклучено повторно да стапне на лудиот камен. Исто така, актерката истакна дека многу нејзини врски не успеле затоа што мажите сакале да излегуваат со неа само поради нејзиното име.

„Талкаа наоколу додека беа во брак со Ракел Велч. Никогаш не го разбрав тоа. На многу мажи не им се допадна фактот што јас бев таа што привлекуваше внимание кога одиме некаде. Не жалам за браковите. Имав вистински чувства кон сите нив. Тогаш мислев дека тоа е љубов и дека можеме да создадеме голем живот, но не ни било пишано“, објаснила своевремено Ракел.

Во екот на својата популарност, кога била посакувана од многу мажи актерката стапила во брак со нејзин пријател од школските денови Џејмс Весли Велч. Како што актерката подоцна изјавила во едно интервју, тоа било брз брак заснован на чисти емоции:

„Тогаш бевме премногу млади, глупави и среќни“ – рекла во една прилика актерката.

Семејниот живот со Џејмс бил исполнет со искуства и страсти. Парот постојано имал несогласувања и прекини. Од овој брак, Ракел родила две деца: синот Дејмон кој денес има 62 години и ќерката Тања (60 години) која тргна по стапките на нејзината мајка и стана актерка.

Семејниот живот и желбата за слава не оделе во пар, по што Ракле решила да го остави сопругот да ги земе децата и да продолжи да го освојува Холивуд. Животниот пат ја споил со продуцентот Патрик Кертис, кој наскоро стана вториот сопруг на Ракел. Патрик бил тој што го забележал потенцијалот на актерката и почнал вредно да создава нов имиџ за неговата сопруга. Овој брак трае пет години.

Фото: Профимедиа

Третиот брак на Ракле е со француско – американскиот филмски и телевизиски продуцент Андре Вајнфелд, со кој актерката била во брак десет години, но немаат заеднички деца. Во 1999 година актерката стапува во брак со четринаесет години помладиот Ричи Палмер со кој е во брак девет години.

Инспирација и пример за негувана жена

Во 2010 година, таа во своите мемоари „Ракел: Надвор од деколтето“ (Raquel: Beyond the Cleavage) истакна дека стареењето е секако тежок процес, особено за неа како жена која постојано била под светлата на рефлекторите.

Фото: EPA-EFE

„Сите можеме да се согласиме дека стареењето е предизвик, но верувајте ми – уште потешко е за некој што е секс-симбол кој бледее. Погледнете ме. Добро се држам, но тоа бара труд, напор, секој ден вежбам јога час и половина. Но, навистина, луѓе, која е поентата да започнете да лажете за вашите години? Јас ја претставувам убавината, идеализираниот изглед на жената и тие ги следат моите совети и начинот на исхрана и вежбање“, напишала Ракел во книгата.

Во книгата Ракел открила и дека нејзината исхрана е базирана на храна без глутен, овошје и зеленчук.

„Јадам три овошја и органски зеленчук секој ден. Иако навистина сакам палачинки, пица и леб, не можам да си го дозволам тоа“ – напишала актерката во своите мемоари.

Фото: EPA-EFE

„Ставам маска од домати на лицето, малку мед и неколку капки маслиново масло. Ме подмладува за неколку години. И ставам малку маслиново масло во бањата. Имам убава кожа, но кога поседувате нешто посебно, сакате да бидете сигурни дека тоа ќе трае – открила Ракел.

Актерката имала необична навика кога станува збор за убавината. Открила дека обожавала да користи „Bag Balm“, мелем развиен во 1899 година за да ја ублажи иритацијата на вимето на кравата по молзењето кој се користи и како третман за нега на испукана и иритирана кожа.

Почина легендарната американска актерка и модел Ракел Велч

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот