Почина легендарната американска актерка и модел Ракел Велч

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Холивудската ѕвезда Ракел Велч почина на 82-годишна возраст по кратко боледување. Велч прво го привлече вниманието со нејзината улоги во „Fantastic Voyage“ и „One Million Years“ B.C. од 1966 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)


Ракел во 60-тите и 70-тите години беше глобален секс-симбол, позната по своето неверојатно, извајано тело. Актерката не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)


Таа доби награда Златен глобус за најдобра филмска актерка во мјузикл во 1974 година за нејзината изведба во Тројцата мускетари. Таа, исто така, беше номинирана за наградата Златен глобус за најдобра актерка во телевизиски филм за нејзината изведба во филмот Право на умирање (1987).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)


Магазинот „Емпаер“ во 1995 година, ја вклучи во 100-те најсексапилни ѕвезди во историјата на филмот, додека магазинот „Плејбој“ ѝ го додели третото место на листата на 100 најсекси дами на 20. век. Исто така, читателите на магазинот „Менс хелт“ во 2011 година ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот