ФОТО | Рита Ора се појави гола, само со цветови на градите

Фото: Richard Young / Shutterstock Editorial / Profimedia

Рита Ора беше една од главните ѕвезди на гала вечерата организирана од британското издание на „Вог“ во Лондон, пред сѐ благодарение на нејзиниот предизвикувачки „гол фустан“. Познатата пејачка често избира фустани за црвениот тепих кои малку кријат, а покажа дека и овојпат му остана верна на проѕирниот тренд.

Фото: Richard Young / Shutterstock Editorial / Profimedia

Имено, 32-годишната девојка привлече многу погледи во целосно проѕирен црн фустан без градник. Тесниот фустан имаше црни цветови кои стратешки ги криеја нејзините гради, додека нејзините бели гаќи беа јасно видливи низ проѕирната ткаенина, а парче проѕирна ткаенина покриваше и дел од нејзиното лице.

Фото: Raw Image Ltd / Goff Photos / Profimedia

Ова е само еден од многуте „голи фустани“ кои Рита Ора ги носи во последно време. Неодамна, за да прослави 10 години од својата музичка кариера, таа носеше креација на познатиот француски дизајнер Виктор Вајнсант. Тоа беше парче од неговата колекција есен/зима 2022 година.

Фото: Raw Image Ltd / Goff Photos / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот