ФОТО | Ријана „уловена“ како купува евтина бебешка облека: Се знае ли полот на бебето?

Ријана/ Профимедиа/Колаж
Ријана/ Профимедиа/Колаж

Поп ѕвездата иако има заработка од милијарди благодарение на своите успешни линии шминка, долна облека и производи за нега на кожата, сепак сака да заштеди и кога е во прашање облеката за нејзиното идно дете.

Ријана докажа дека и понатаму цени добра распродажба, откако беше „фатена“ како купува облека за бебе во продавницата Таргет во Лос Анџелес. Овој ланец маркети важи за еден од најевтините во Америка, пренесуваат од „Daily Mail“.

Пејачката моментално го очекува своето прво дете со раперот АСАП Роки, а неодамна откри дека е во третиот триместар од бременоста. Освен тоа, постојано го открива и својот труднички стомак, во различни комбинации, а некои доживеаја и модно фијаско, откако беше јавно искритикувана дека претерува со изложувањето на стомакот во бременоста.

ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

Папараците ја уловија Ријана како бира парчиња бебешка облека во Таргет, а фустанчето за кое се „фати“ идната мајка, чини скромни 18 долари.

За да не биде дека намерно го открива можниот пол на бебето, Ријана разгледувала и дел од облеката со унисекс чорапи и комбинезони за идната наследничка или наследник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот