ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

Фото: Инстаграм

Ријана и нејзиниот труднички стомак можеби поставуваат нов стандард за модата за трудници

Пејачката Ријана постојано се појавува во смели аутфити, докажувајќи дека идните мајки сè уште можат да носат висока мода и да изгледаат извонредно.

„Јас лично реков, нема да купувам трудничка облека“, изјави Ријана неодамна за „Bustle“. Нема да купувам труднички панталони, фармерки, фустани или (да правам) сè што општеството ми кажало да правам претходно“.

ФОТО | Ријана во шокантно трудничко издание: Не се откажува од својот стил по никоја цена!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FENTY ENTHUSIAST (@breathinfenty)

Нејзиниот труднички стил на облекување е побунтовен, рече таа.

„Кога видов како жените се облекувале за време на бременоста (во минатото), помислив дека тоа е единствениот начин. Затоа се предизвикав себеси да ги тестирам границите и навистина само да се забавувам“, рече Ријана. „Затоа што нема ништо позабавно од предизвик за мене. Така станувам креативна. Таму сум принудена да смислувам нови идеи и нови начини што ќе функционираат“.

ФОТО | Шокантен стајлинг: Бремената Ријана се појави во танга и градник во Париз

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mymusicbazemedia (@mymusicbaze)

Ова е прво бебе на Ријана и нејзиното момче, раперот А$АП Роки, а нејзиниот изглед ги освои многу комплименти кај обожавателите.

ФОТО | Трудничкото стомаче на Ријана руши рекорди: За неколку часа собра преку 10 милиони лајкови!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот