ФОТО | Рецепт од вештите раце на Бобе Јанкоска: Најубавиот џем од јагоди

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува еден интересен рецепт, кој ќе ги израдува сите домаќинки, но и сите обожаватели на единствениот вкус на омиленото летно овошје – џем од јагоди.

Бобе Јанкоска џем од јагоди Фото: Приватна архива

„Џемот е дел од основите на слатките што на прво место ги будат емоциите за задоволство. Џемот од јагоди има прекрасна арома, слатко – сатенски вкус и прекрасна црвена боја“, порачува Бобе.

Состојки:

– 3 килограми јагоди
– 1 килограм шеќер
– сок од половина лимон

Бобе Јанкоска џем од јагоди Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Јагодите исчистени и измиени се сечат на ситни парчиња. Се редат во тенџерето во кое ќе се варат: ред јагоди, ред шеќер и се оставаат во фрижидер, најмалку 3 часа, за јагодите да пуштат сок.

Јагодите се полеваат со сокот од лимон.

Потоа се варат на средна температура додека зовријат, па се намалува температурата и се варат додека да згусне џемот. Во текот на варењето се прави пена, која треба да се вади.

За да биде џемот мазен, сатенски, откако ќе згусне, повеќе од половина го блендирам и мал дел оставам парченца во џемот, па потоа го варам уште 10 минути на тивок оган.

Топлиот џем се сипува во топли тегли, па се затвораат и се превртуваат на капачето да постојат 15 минути за да се направи вакуум.

Напомена: Откако ќе отворите тегличка за користење, се чува во фрижидер.

На здравје сладење!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот