ФОТО: Работнички без одговор во дербито против силниот МЗТ Скопје Аеродром

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Уште во раната фаза од дербито, бранителот на трофејот направи плус од 25 поени, и го затвори со високи (87:66).

Дуелот на вечните ривали го отвори шестото коло, кое уште еднаш, поради наредните обврски на нашите претставници во АБА 2 лигата ќе биде „продолжено“, во неколку дена…

Во вториот натпревар од почетокот на новата сезона (првиот беше во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“), шампионот уште еднаш беше подобар од својот вечен ривал.

Кошаркарот на Работнички, Милош Мацура/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Работнички беше рамноправен ривал само во првите неколку минути од првата четвртина од вечното дерби во СЦ „Јане Сандански“. А како доаѓаа наредните минути, така растеше играта на „бело-сините“. Се секоја одмината минута, растеше и разликата на МЗТ Скопје Аеродром.

Кошаркарот на Работнички, Павел Данаиловски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По десет минути, МЗТ Скопје Аеродром имаше 11.поени „вишок“, (28:17).

Во 14. минута веќе беше 15 (36:21), а една минута подоцна дотигна и највисоки (39:21), по што Тони Симиќ мораше да го потроши и својот втор „тајм-аут“ во првото полувреме. Неговиот тим одамна немаше реализација од игра.

Роберт Рикиќ, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Без успех, затоа што серијата на домашните кошаркари продолжи на (13-0) за повеќе од двојно водство (43:21). Повеќе од четири и пол минути поминаа пред гостите да поентираат, но не од игра, туку од линијата за Мустафица (од линијата за слободни фрлања). Само за момент, затоа што мотивираниот Милошевиќ постави и (50:25). На истекот на првито дел од играта, доминација на бранителот на трофејот,

Кошаркарот на Работнички, Роман Лоисер/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

МЗТ Скопје Аеродром Работнички, (52:28)…Ништо не се промени ниту по оние 15.минути предвидени за одмор. МЗТ Скопје Аеродром се погрижи да нема ниту „Д“ во дербито на македонската кошарка. Во 27.мкнута разликата беше плус 31 (66:35), знак за тренерот Дарко Радулоиќ во игра да ги внесе и „децата“ во екипата, како Иванов, а потоа и Спасовски…

Во овој момент МЗТ Скопје Аеродром е скалило над Работнички во квалитетот, без дискусија.

Бојан Крстевски беше најефикасниот во победата на МЗТ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Џуан Дејвис (МЗТ Скопје Аеродром) на дуелот против Работнички/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Кошаркарите на МЗТ го слават триумфот со верните „Фемили“/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Тренерот на КК Работнички, Тони Симиќ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот