Илустративна фотографија за парк посветен на Покемон / Фото: Profimedia

ФОТО | Првиот постојан тематски парк за Покемон ќе се отвори во февруари 2026 година

Паркчињата и атракциите посветени на покемоните постоеле и претходно, но биле отворани само привремено. Новото забавно паркче „ПокеПарк Канто“ ќе се наоѓа во рамки на забавниот парк Јомиуриленд во Токио, во Јапонија, а за влез ќе биде потребна посебна пропусница.

Посетителите најпрво ќе поминуваат низ зградата на „Истражувачката лабораторија за покемони“, која ќе служи како влез во двата дела на паркот – „Поке шума“ и „Сеџ таун“.

„Поке шумата“ е токму она што го најавува името – дел од природата со ридчиња, патеки обраснати со висока трева, каменести превои и тунели, каде што посетителите ќе можат да ги видат покемоните во нивните природни „живеалишта“.

Статууите на покемоните ќе бидат поставени така што ќе прикажуваат различни активности – борба, игра и дружење.

Од другата страна, „Сеџ таун“ е мало градче во кое посетителите ќе најдат „Поке центар“ и „Поке маркет“ – места каде што, меѓу другото, ќе можат да се одморат и освежат.

Покрај главните атракции, „ПокеПарк Канто“ ќе ја има и зоната „Пика Пика рај“, каде што ќе има повеќе од триесет електрични покемони за возење, вртелешка со кочии што ги влечат Понита и Рапидаш, како и балони во кои посетителите ќе можат да летаат заедно со Иви.

Вистинските фотографии од паркот сè уште не се објавени, но објавениот трејлер дава јасна претстава за тоа што може да се очекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот