ФОТО | Прогласен најдобриот бар на светот – во него можете да си нарачате коктел од 1.800 денари
Објавена е ранг-листата на најдобрите барови во светот за 2021 година. Прв на овогодинешната листа на 50 најдобри барови во светот е лондонскиот бар „Коно“ (Connaught) кој се наоѓа во хотелот на истиот име.
Ова е втора последователна победа за барот „Коно“, а специјалитети кои се издвојуваат се мартини колички, односно персонализирана подготовка на мартини од џинот „танкереј“, повеќе сув вермут и избор на домашни битери.
View this post on Instagram
Повеќето коктели во овој бар чинат меѓу 20 и 25 фунти, што е помеѓу 1.500 и 1.800 дeнари. Покрај коктели, тие нудат и вина и избор на шампањска, кои ја вклучуваат ретката колекција „Круг“ од 1988 година.
Нивното мени се состои од луксузни јадења како што се канапе со три вида кавијар и сендвичи со домашно говедско месо, но во понудата имаат и пица со моцарела за 15 фунти (околу 1.100 дeнари) и пица со црни тартуфи за 35 фунти (околу 2.500 дeнари).
View this post on Instagram
„Коно“ е еден од класичните хотели во лондонската палата, заедно со хотелите „Савој“, „Клариџис“ или „Мандарин ориентал“. Го водат директорот Агостино Перине и шефот на барот (миксолог) Џорџо Барњани.
Првпат е отворен во 1815 година, а зградата во која сега се наоѓа е подигната во 1897 година. Името „Коно“ го добило во 1917 година, а реновиран е пред 13 години.
На второ место е уште еден лондонски бар „Tayer + Elementary“.
Погледнете го списокот на 15 најдобри барови во светот според листата на 50 најдобри барови во светот:
- “Connaught Bar“, Лондон
- „Tayer + Elementary“, Лондон
- „Paradiso“, Барселона
- „The Clumsies“, Атина
- „Floreria Atlantico“, Буенос Ајрес
- Licoreria Limantour, Мексико сити
- „Coa“, Хонг Конг
- „El Copitas“, Санкт Петербург
- „Jigger and Pony“, Сингапур
- „Katana Kitten“, Њујорк
- „Two Schmucks“, Барселона
- „Hanky Panky“, Мексико сити
- „Insider Bar“, Москва
- „Baba au Rum“, Атина
- „Manhattan“, Сингапур
View this post on Instagram