Фото: Управа за извршување на санкции

ФОТО | Пристигнаа 50 кокошки во струмичкиот затвор, фармата ќе ја работат затворениците

Управата за извршување на санкции соопшти дека е унапреден работниот ангажман на осудениците затворот во Струмица.

„Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма“, велат од Управата во објава на социјалните мрежи.

Фото: Управа за извршување на санкции

„Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како дополнување на веќе постоечките занаетчиски и механичарски работилници, како и досегашните земјоделски капацитети кои вклучуваат работа на ниви, свињарска и сточарска фарма“, пишува во објавата.

Фото: Управа за извршување на санкции

Од Управата нагласуваат дека ваквиот вид на работно ангажирање е од клучно значење за осудениците, бидејќи им овозможува квалитетно поминување на времето и стекнување практични знаења кои ќе им бидат од корист по нивното отпуштање на слобода. Со проширувањето на живинарството, КПУ Затвор Струмица продолжува да се развива во самоодржлива единица која преку трудот на осудените лица придонесува за нивна поуспешна интеграција во општеството, велат од Управата за извршување на санкции.

ФОТО | И затворениците во Шутка славеа Велигден – со чуварите се кршеа со јајца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот