Принцот Хари, Ејми Редфорд, Меган Маркл / Фото: Neilson Barnard / Getty images / Profimedia

ФОТО | Принцот Хари и Меган Маркл на „Санденс“: Кралскиот пар го промовира новиот документарец

Принцот Хари и Меган Маркл го имаа своето деби на филмскиот фестивал „Санденс“ во Јута за да го промовираат својот најнов филмски проект, пренесува „Индепендент“.

Кралската двојка присуствуваше на специјална проекција и премиера за нивниот нов документарец „Кралица на колачиња“ (Cookie Queen), приказна за созревањето што следи четири извиднички за време на сезоната на продажба на колачиња. Хари, и Меган, се извршни продуценти преку нивната компанија, „Арчвел продакшн“.

Двојката позираше на црвениот тепих со соработници вклучени во снимањето на документарецот, како и со Ејми Редфорд, ќерката на покојниот основач на „Санденс“ и актер, Роберт Редфорд.

Меган зборуваше од подиумот на „Санденс“ за поддршката на проектот, размислувајќи за сопственото искуство од растењето како извидничка во Калифорнија, со нејзината мајка, Дорија Рагланд, која служела како нејзин водач на одредот.

– Како поранешна извидничка, со мајка ми како водач на одредот, имам личен афинитет кон овој филм – рекла таа.

Фото: Cindy Ord / Getty images / Profimedia

– Горда сум што сите наши разговори и соработка доведоа до тоа „Арчевел продакшнс“ да соработува со овој наградуван тим за извршна продукција на овој неверојатно фасцинантен документарец. Кога првпат ги видовме раните снимки, тоа веднаш беше нешто во што сакавме да бидеме вклучени – продолжила таа.

Документарецот е во режија на Алиса Нахмијас, а „Арчевел продакшнс“ соработува со „Бјути сторис“ и „АЈНА Филмс“.

Двојката ја основаа „Арчевел продакшнс“ во 2020 година и склучија договор со Нетфликс, објавувајќи неколку документарни проекти.

Принцот Хари се соочи со британскиот таблоид, има и познати сојузници: „Ни ги уништија животите!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот