ФОТО | Принцезата Шарлин му честиташе годишнина од бракот на сопругот, луѓето ѝ пишуваат: Тоа е кошмар

Фото: Профимедиа

Принцезата Шарлин објави фотографија на Инстаграм со сопругот Алберт по повод годишнината од бракот.

„Среќна годишнина“, напиша Шарлин додека позирала во зелен фустан и го држела за рака својот сопруг.

Оваа фотографија за помалку од еден ден собра 25.000 лајкови и повеќе од 1.000 коментари. А, судејќи по коментарите, некои нејзини следбеници и понатаму се загрижени за состојбата на принцезата.


„Леле, тие се навистина трогателни? Тој брак мора да е кошмар“, „Дали си навистина добро?“, „Се надевам дека си среќна и здрава. Честитки“, „Мило ми е што си толку силна“, „Кутра ти“, „Имам чувство дека е принудена да се појавува во јавност со него“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, принцезата поголемиот дел од 2021 година ја помина во Јужноафриканската Република поради тешка инфекција на увото, носот и грлото. Таа потоа замина во психијатриска установа во Швајцарија за да продолжи со лекувањето и да се одмори. Оваа година беше потврдено дека принцезата конечно се враќа дома кај нејзиниот сопруг и седумгодишните близнаци Жак и Габриела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Point De Vue (@pointdevue)


„Денес Шарлин е повторно со нас и ова е најубавото нешто што можеше да се случи. Принцезата многу ни недостигаше“, рече воодушевено принцот Алберт во интервју за „Royal Central“.

ВИДЕО | „Најтажната принцеза на светот“ го прослави 44. роденден сама во болница

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

ФОТО | „Бакнеж“: Принцот Алберт и Шарлин не ја убедија јавноста во својата љубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот