ВИДЕО | „Најтажната принцеза на светот“ го прослави 44. роденден сама во болница

epa-efe
Фото: EPA-EFE/Phill Magakoe / POOL

Иако нејзините обожаватели потајно се надеваа дека до крајот на јануари, кога ѝ е роденден, принцезата Шарлин од Монако конечно ќе ја напушти болницата и ќе се врати дома кај своите близнаци, тоа, сепак, не се случи.

Инаку, принцезата е родена на 25 јануари.

Исто како и седмиот роденден на нејзините близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела, Божиќ и Нова година, принцезата Шарлин и својот 44-ти роденден го прослави далеку од семејниот дом. Поради, за јавноста непознати здравствени проблеми, Шарлин сѐ уште престојува во европска болница на непозната локација.

Како што беше најавено и од палатата за Божиќ, нејзиното закрепнување, сепак, ќе трае со месеци, што особено тешко им паѓа на нејзините деца, кои во последната година уживаа само во ретки моменти со својата мајка.

На нејзиниот инстагрампрофил е објавено видео по повод нејзиниот 44-ти роденден, во кое е вклучен „целиот нејзин живот“ – од нејзиното најрано детство до животот во палатата.

Покрај видеото стои објавата:

„Среќен роденден, принцезо Шарлин! Ви се восхитуваме бидејќи секогаш давате сѐ од себе за да ги промените животите на луѓето ширум светот, а вашата страст и посветеност да спасувате и менувате животи се навистина инспирација. Веруваме дека ова видео од вашето досегашно патување ве потсетува за тоа колку сте сакани и почитувани!“

Очигледно е дека видеото не го објавила Шарлин, туку некој друг.

„Најтажната принцеза на светот“, како што ја нарекуваат, сама го поминува роденденот.

Инаку, одлуката да побара лекарска помош само неколку дена по нејзиното враќање од Јужна Африка, ја донеле заеднички принцезата и нејзиниот сопруг принцот Алберт, со помош на браќата на Шарлин.

Принцезата Шарлин од ноември е хоспитализирана во приватна болница во Швајцарија, а во најголема тајност беше организирана средба со нејзините седумгодиши близнаци.

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Вистината конечно откриена: Принцезата Шарлин не се враќа во Монако поради компликации по операциите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот