Вистината конечно откриена: Принцезата Шарлин не се враќа во Монако поради компликации по операциите

принцеза шарлин
Фото: ERIC GAILLARD /EPA;

Шарлин објаснила дека поради операциите што ги правела на почетокот на оваа година, нејзиниот внатрешен притисок повеќе не може да се изедначи, што значи дека не може да лета над 6.000 метри.

Принцезата Шарлин од Монако со месеци е разделена од сопругот, принцот Алберт, и нивните близнаци, принцот Жак и принцезата Габриел, а својата одвоеност од семејството ја објаснила со низата хируршки компликации што ги проживува.

Не смее да лета со авион

Во ексклузивно интервју за јужноафриканскиот „Канал24“, пренесува списанието „Пипл“, поранешната олимписка пливачка уште еднаш истакнала дека копнее по својот сопруг, децата и кученцата, а потоа подетално објаснила дека поради операциите што ги правела на почетокот на оваа година, нејзиниот внатрешен притисок повеќе не може да се изедначи, што значи дека не може да лета над 6.000 метри.

Шарлин во моментот закрепнува од операцијата на која се подложила кон крајот на јуни, за ублажување на болките што ги трпела, а како што изјавила за „Канал24“, се утврдило дека биле поврзани со тешка болест на увото, носот и грлото.


Во интервјуто, 43-годишната принцеза објаснила и дека доживеала компликации поврзани со таа ОРЛ операција. Како што објаснила, на почетокот на мај била подложена на кревање на синусите и трансплантација на коски, како подготовка за забни импланти. Таа операција била направена пред нејзиното пристигнување во Јужна Африка, во средината на мај, каде што активно се вклучила во кампањата за заштита на дивите животни, а каде што го продолжила и своето закрепнување.

Компликации по операцијата

 

По операцијата добила инфекција. Но, тоа го сфатила кога инфекцијата веќе земала зафат и се проширила. Поради притисокот во ушите, засега не смее да лета со авион, па нејзиното враќање во Монако е под знак прашалник.

Со проблемот првпат се сретнала во јуни, кога почнала да чувствува силни болки во ушите.


Втората корективна операција била извршена на 23 јуни, а поради неа, принцезата Шарлин била принудена да го одложи планираното враќање во Монако за прославата на десетгодишнината од бракот со принцот Алберт во јули.

Пред десет дена, Шарлин со серија фотографии објавени на Инстаграм покажа како ја одржува врската со своите шестгодишни близнаци, а на нив се гледа како им испраќа бакнежи преку видеоповик и им покажува со што се занимава во Јужна Африка, каде што пораснала.

– Секојдневните разговори со Алберт и со децата навистина ми помагаат да го подобрам расположението, но навистина ми недостасува нивното присуство, рекла Шарлин за „Пипл“ во јуни, додавајќи дека едвај чека да бидат повторно заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот